Seminarski i Diplomski Rad

 Masti - biološko važni soedinenia (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Hemiski fakultet

 Содржина
Вовед............................................................................................................3
Што се биомолекули..................................................................................3
Липиди........................................................................................................6
Историјат.....................................................................................................6
Што се липиди............................................................................................7
Улога и значење на липидите....................................................................8
Поделба........................................................................................................10
Физички и хемиски својства......................................................................17
Структура.....................................................................................................19
Заклучок.......................................................................................................20
Користена литература.................................................................................21
Вовед
Што се биомолекули?
Биолошки важните соединенија се нарекуваат и биомолекули или молекули на животот. При употребата на било кој од овие синоними се мисли на истото: се работи за хемиски соединенија кои се појавуваат во живите организми.
 Клетката претставува најмала единка која има особини на живиот свет: да расте, да разменува супстанци и енергија, реагира на дразби и да се размнозува. Секоја клетка е изградена од биомолекули. Сите биомолекули се јаглеродни соединенија, во кои мора да се сретне и водород , азот, кислород, фосфор и сулфур. Некои од другите елементи може да се сретнат, но поретко.
Повеќе од 99 % од соединенијата во човечкиот организам се изградени од само четири атоми: водород (H), кислород (О), јаглерод (C) и азот (N). Кислородот и водородот се конституенти на водата и сами достигнуваат околу 60-70 % од масата на клетката. Заедно со јаглеродот и водородот, азотот и кислородот се важни конституенти во органските соединенија, соединенија од кои зависат повеќето животни процеси. Најголемиот дел од соединенијата во живите организми се органски соединенија. Освен органски биомолекули, во живите организми се застапени и минерални соли во водните раствори, во форма на солватизирани јони или недисоцирани молекули (пр. Nа+, К+, Мg+, Cа2+, Cl-, ...).
Јаглеродниот атом може да биде тетраедерски (ѕр3), тригонално (ѕр2) и дигонално (ѕр) хибридизиран. Со тоа се создаваат можности за образување на голем број комплексни структури во три димензии. Кога кон овие соединенија ќе се додадат и карактеристичните групи (функционалните групи) се добиваат соединенија со специфични својства
Најголемиот дел, пак, од биомолекулите се деривати на јаглеводородите. Во живите организми има претставници од различни класи органски соединенија: алкохоли, алдехиди, кетони, карбоксилни киселини итн. Биомолекулите може да содржат и повеќе од една функционална група. Имаат тридимензионална струк тура, заради специфичните особини на јаглеродот да гради отворени низи, разгранети и циклични структури. Тридимензионалната структура е особено важна при иповрzување со други молекули.
Биомолекулите, се разликуваат од синтетичките полимери по тоа што може да имаат различна конформација или конфигурација и по тоа што кај биомолекулите само една форма може да биде биолошки активна.
Повеќето од молекулите во клетките (ако ја исклучиме водата како најзастапена во клетките) се макромолекули. Тоа се полимери со високи релативни молекулски маси, изградени од релативно едноставни момомерни единици. Овие мономерни единици, пак, се синтетизираат од неоргански соединенијаи: вода (H2О), јаглерод диоксид (CО2) и трите неоргански соединенија: амониум јоните (NH4+), нитратните јони (NО3-) и диазотот (N2). Во првиот чекор, неорганските соединенија се транс формираат во метаболити (едноставни органски соединенија) кои понатаму се интермедиери за биосинтеза на момомерите на биомолекулите: аминокиселини, моносахариди, нуклеотиди, масни киселини и глицерол. Со ковалентно поврзување на овие градбени блокови, се формираат макромолекули: протеини, полисахариди, полинуклеотиди (ДНК и РНК) и липиди.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!